Станбен управител

„Проект 42“ е правен субјект со одобрена лиценца за управител број 03-14/3 од 21.01.2014 година, издадена од Регулаторната комисија за домување, чијашто примарна дејност е управување и одржување на објекти. Тимот на „Проект 42“, преку своите услуги и професионализам, има за цел да обезбеди постојана исправност, безбедност и употребливост на сите сегменти на Вашето секојдневно домување. Во соработка со своите партнери, „Проект 42“ Ви ги нуди следниве услуги:

Управување и одржување на станбени згради

Заради извршување на работите на управување, одржување и уредување на станбените згради, за секоја зграда поединечно се отвораат две посебни жиро-сметки:

  • тековна сметка (трошоци за тековно одржување);
  • сметка за резервен фонд (трошоци за инвестициско одржување).

Тековно одржување на станбени згради

1.    Одржување хигиена

Сопствениците на посебните делови одбираат еден од следниве наши пакети:

Пакет

Опис на пакетот

основен пакет

Два пати неделно

  • Метење на скалите и на ходникот;
  • Метење на просторот пред влезната врата и на бетонските стази околу зградата;
  • Миење на скалите и на ходникот;
  • Собирање пајажина;
  • Бришење на оградата на скалите;
  • Бришење на подот, вратата и ѕидовите на лифтот;
  • Бришење на влезната врата;
  • Бришење и миење стаклени површини на влезната врата.

препорачан пакет

Препорачаниот пакет ги вклучува сите ставки од основниот пакет плус:

Еднаш месечно

  • Отстранување рекламен материјал и графити;
  • Бришење сијалични места, прекинувачи и штекери;
  • Бришење и миење стаклени површини во објектот;
  • Бришење поштенски и струјомерни сандaчиња;
  • Бришење хидранти;
  • Отстранување мастики за жвакање од подот;
  • Детално бришење на комплетната ограда;
  • Метење на паркинг просторот што и припаѓа на станбената зграда.

пакет по Ваш избор

палета услуги по избор на сопствениците на посебните делови

2.    Осветлување  

Цената за оваа услуга се пресметува така што износот на месечната фактура за осветлување на станбената зграда се распределува пропорционално согласно бројот на сопственици на посебни делови.  

3.    Одржување лифтови

Во рамките на вршење управувачки услуги за редовно одржување и сервисирање лифтови, управителот склучува договор со трето лице кое е лиценцирано за вршење на дејноста. Договорот со трето лице се склучува по прибирање понуди од определен број понудувачи. Изборот на најповолна понуда го вршат управителот и претставникот на сопствениците на посебните делови, кого за таа цел го именува собирот на сопственици. Трошоците за поправки од овој тип паѓаат на товар на тековниот фонд.

Во услугите на тековно одржување спаѓаат поправки на заедничките делови на станбената зграда од типот на:

  • замена на сијалици;
  • замена на прекинувачи;
  • ситни молеро-фарбарски услуги;
  • замена на резервни делови и сл.

Трошоците за овие услуги ги поднесуваат сопствениците на посебните делови во зависност од големината на износот на таа услуга.

4.    Управувачки услуги

Опис

Опис на пакетот

Месечна претплата по стан

  • Ги извршува одлуките на сопствениците на посебните делови;
  • Води грижа за редовно одржување и функционирање на заедничките делови;
  • Подготвува  план за одржување на станбената зграда, план со динамика за спроведување на овој план и да се грижи за спроведување на планот;
  • Подготовка на пресметка на трошоци на управување на станбената зграда и да ги распоредува трошоците меѓу сопствениците на посебните делови;
  • Примање уплати од сопствениците на посебните делови врз основа на месечна пресметка и да ги подмирува обврските од договорите склучени со трети лица;
  • Информирање сопствениците на посебните делови за својата работа и да доставува месечни и годишни пресметки;
  • Изготвување годишен извештај за управување со објектот;
  • Стопанисување со резервниот фонд;

Инвестициско одржување на станбени згради

Средствата за инвестициско одржување се распределуваат од резервниот фонд. Уплата во резервниот фонд се врши еднаш месечно во минимален износ од 50,00 ден. од стан. Согласно работниот план и желбите и потребите на сопствениците на посебните делови, месечните уплати во резервниот фонд може да бидат повисоки. Трошоците за инвестициско одржување ги одобрува претставникот на станбената зграда. Одржување и нужни поправки и подобрувања предвидени во планот за одржување:

  • промена на поштенски сандачиња;
  • молеро-фарбарски услуги;
  • уредување на дворна површина;
  • оштетени конструктивни елементи на зградата;
  • кровна конструкција и кровна покривка, заедно со нивните пропратни елементи;
  • олуци, олучни цевки и други елементи за одвод на водата од покривот и заштита на зградата од продирање на водата;
  • димни канали, вентилациски канали, вентилациски цевки на канализациската мрежа и нивните глави на покривот на зградата;
  • водоводна и канализациска инсталација;
  • електрична инсталација во објектот до струјомерното ормарче;
  • инсталација и опрема за централно греење;
  • лифт со припадни делови (куќичка, лифтовско окно со инсталациите и уредите);
  • дотраени огради на покривот, скалишниот простор, заедничките тераси и други заеднички делови на објектот;
  • дотраени подови, плафони и ѕидови во заедничките делови на објектот;
  • дотраени врати и прозорци на заедничките делови од објектот;
  • фасада, фасадни облоги и елементи на фасадата;
  • оштетени конструктивни елементи на зградата;
  • реализирање на други предлози на самите станари кои ќе бидат наведени во планот за одржување во тековната година.

Дополнителни услуги

  • Бесплатна правна помош од областа на станбеното управување.
  • Бесплатно посредување при упис и промена во катастар на недвижности и вадење имотен лист.
  • Бесплатно посредување и правна помош при издавање и/или продажба на стан/деловен простор.
  • Бесплатни месечни финансиски извештаи за тековен и резервен фонд.
  • Припрема и дистрибуција на уплатници.
  • Дежурна екипа за итни интервенции.
  • Интерна контрола и надзор над работата на нашите тимови.
  • Во соработка со стручни лица, „Проект 42“ ќе изготвува и програми за најмладите членови на Вашето семејство. Целта ни е да ја кренеме еко-свеста на младите на повисоко ниво и активно да ги вклучиме во акциите за уредување и одржување на животната средина.

Промотивни активности

  • Електронска достава на фактура во најкус можен рок.
  • Еднократен попуст од 15% на цената за управувачки услуги за станбената зграда со најредовни плаќања.
  • Поволности за лица со посебни потреби.
  • Широка и добро организирана мрежа партнери: гипсери, молери, водоинсталатери, плочкари, електричари, производители на мебел итн. Селекција, избор и презентација на најдобрите понуди на собирот на сопственици или пред индивидуалните сопственици, согласно нивните потреби.
  • Селекција, избор и презентација на најдобрите понуди за изнајмување на слободните заеднички и посебни површини на станбените згради (фасади, лифтови…) за потребите за рекламирање и промоција на трети лица. Средствата добиени од изнајмување на просторот ќе бидат пренасочени на сметката на резервниот фонд и можат да послужат за понатамошно инвестициско одржување.

ЗОШТО ДА НÈ ИЗБЕРЕТЕ НАС ?

  • Посветени на осовременување на пристапот кон станбеното управување на територијата на општина Куманово, Ви нудиме внимателно одбрана палета висококвалитетни услуги по ниски и достапни цени.
  • Стручниот и мотивираниот кадар и употребата на проверени и потврдени методи на работа се гаранција за квалитетот и професионалноста кои ги поседуваме.
  • Услугите на останатите наши сервиси Ви ги нудиме по намалени цени, а дежурните екипи и широката мрежа соработници на „Проект 42“ Ви стојат на располагање во секое време.
  • Со потпишување на Договорот за управувачки услуги, Ви следуваат пробен период во кој ќе можете да ја тестирате нашата работа и право на раскинување на договорот без повикување на законски утврдениот отказен рок од 3 месеци.

За дополнителни информации и појаснувања, Ве молиме, контактирајте нè на телефонскиве броеви: 031/550-830 и 075/759-359; на електронскиве пошти: contact@proekt42.mk или посетете нè во нашата канцеларија на ул. „Тане Георгиевски“ бр. 6/1-37.

Воедно за активностите на „Проект 42“ може да се информирате и на нашата Facebook страница: Проект 42 како и на нашата Веб-страница: http://proekt42.mk/

Сервис за чистење

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО НАШИОТ СВЕТ НА ЗДРАВЈЕ И ЧИСТОТА!

Современото темпо на живеење се помалку остава време за извршување на секојдневните домашни обврски.  Согледувајќи ја потребата на денешното домаќинство, по углед на современите и модерни компании во светот кои пружаат професионална услуга за чистење и одржување на хигиена, создадовме  квалитетен, доверлив и обучен тим.

Со редовна едукација на вработените, во работата применуваме најефикасни техники на чистење, со цел да ви пружиме врвен квалитет, беспрекорна чистота и сјај на Вашиот простор.

Професионалност, стручност и искуство во работата на нашиот тим, споени со современи машини и хемиски средства од најреномирани светски произведувачи, ни овозможи да креираме широка палета на услуги, со која ќе Ви овозможиме да се опуштите и уживате во слободниот дел од денот. Доколку Ви се случи од многубројните обврски да немате време да се посветите на Вашето домаќинство, не двоумете се да ни се обратите.

Ние сме тука за да го разубавиме Вашиот животен и работен простор!

Услуги

  • сите видови чистење по дома;
  • чистење и одржување деловни простории;
  • чистење по градежни работи;
  • чистење теписи и подни облоги со моќна правосмукалка;
  • перење стаклени површини;
  • длабинско чистење душеци;
  • хемиско чистење тапациран мебел;
  • хемиско чистење автобуси, камиони и автомобили;
  • машинско миење и полирање подови;.

Видови услуги

  • еднократно чистење;
  • тековно одржување (неделно, месечно или квартално);
  • генерално (сеопфатно, детално и темелно чистење на просторот, најчесто со екипа од неколку извршители);
  • парцијално (чистење ма посебни делови: гарнитура, теписони, прозорци, итн.)

Опис на услуги

Услуги достапни во еднократно, тековно и генерално чистење

  • проветрување на просторот;
  • собирање пајажина;
  • празнење на корпи со отпадоци;
  • бришење прашина од работни бироа, маси, полици и други рамни површини;
  • правосмукање, метење и влажно мопирање подови;
  • бришење на рамки на прозорци и врати
  • бришење на влезни и внатрешни врати
  • бришење и миење на стаклени површини
  • бришење на клима уреди;
  • бришење на лустери и лампи (без отстранување);
  • бришење прекинувачи и штекери;
  • бришење прашина од компјутери, принтер, телефони и останата опрема;
  • дезинфекција на телефони;
  • бришење кујнски елементи (површински);
  • бришење на бела техника во кујната (површински);
  • чистење и дезинфекција на садоперот и кујнски површини;
  • бришење и полирање на огледала во тоалети;
  • бришење и дезинфекција на кади, туш кабини, ВЦ шољи, бидеа и мијалници;
  • бришење, дезинфекција и полирање на сите батерии и славини во тоалети;

Услуги достапни со дополнителен надомест во еднократно, тековно и генерално чистење

  • машинско чистење подови и тапациран мебел;
  • рачно миење растенија;
  • рачно бришење украси;
  • бришење на плакарите и ормари од внатрешна страна;
  • миење садови;
  • чистење на внатрешноста на фрижидерот;
  • чистење на внатрешноста на шпоретот, микробранова и тостер;
  • замена на прегорени сијалици;
  • лепење со силикон на одлепени лајсни, первази, санитарии елементи и сл.;
  • поставување на нови и прицврстување на олабавени прекинувачи и штекери;
  • закачување огледала, слики, поштенски сандачиња;
  • поставување на дозатори за тоалетна хартија, хартија за раце и сапун;
  • поставување на диспензери – освежувачи на воздух;

Прибор

Користиме  специјализирани професионални прибори за чистење со кои се применуваат современите технолошки постапки за брзо и ефикасно чистење

  • Професионален прибор за одржување подови од брендот TTS Italia (http://www.ttsystem.com)
  • Професионален прибор за одржување прозорци и стаклени површини од германскиот бренд Unger (http://www.ungerglobal.com).

Хемиски средства

Користиме најсовремени сертифицирани хемиски средства за темелно чистење, нега и тековно одржување на хигиената.

  • Професионални хемиски средства за чистење од Австрискиот бренд Hagleither (www.hagleitner.com)

Машини

Користиме професионални машини за чистење и друг соодветен алат со кои максимално се зголемува продуктивноста при работењето.

  • Kärcher BR 30/4 Adv – Професионална машина за тврди и меки подови (http://www.karcher.com)
  • Kärcher  NT 35.1 AP – Професионална правосмукалка и хидросмукалка за суво и мокро чистење од брендот Kärcher  (http://www.karcher.com)
  • Kärcher SE 4001 – Професионална машина (правосмукалка) за хемиско чистење и парочистач (http://www.karcher.com)
  • Kärcher WV 50 – машина (правосмукалка) за прозорци (http://www.karcher.com)
  • Kirby Sentriaтм – професионална машина дизајнирана за темелно чистење, заштита и одржување на вредностите на вашиот објект (http://www.kirby.com/mk)

Редослед на чистење

Чистењето секогаш се почнува од плафонот и се чисти кон подовите, по редослед горе па долу. По тој редослед се чистат сите простории со сите предмети (мебел и др. инвентар) во нив, во склоп со нив се чистат и прозорците па потоа вратите. Исто така се врши чистење на кујнските и санитарните елементи во кујната и тоалетот а како последна постапка е чистењето на сите подови и исфрлање на сметот.

Кој ги извршува нашите услуги?

Квалификувани хигиеничарки, обучени за чистење во деловни објекти, подобни од аспект на доверливост, брзина и квалитет на работење. Истите се флексибилни и прилагодливи на работни навики во фирмата почитувајќи ги нормите за професионален пристап и однос при извршување на услугите.

Зошто е финансиски исплатлива?

Со отстапувањето на функцијата за тековно одржување на хигиена на професионален сервис на клиентот му се намалуваат трошоците за истата намена поради следните причини:

  • се извршува со оптимално користење на ресурсите на Проект 42 од мрежата на вработени и обучени хигиеничари и контролори;
  • системот на требовање, набавка, достава и одржување на материјали за работа е стандардизиран во согласност со современите технолошки трендови;
  • во случај на отсуство на хигиеничар се обезбедува соодветна замена од мрежата на вработени;
  • чистењето на специфични позиции се врши со обучени и опремени специјализирани екипи;
  • адмистрирањето, евиденциите, пресметувањето плати и се друго околу персонално-кадровите работи е наша обврска.

Како може да се добие услугата?

Со закажување по телефон или со личен контакт со овластено лице од Проект 42. При тоа се утврдуваат потребите за големината на ангажманот со проценка од страна на клиентот или со посета на лице место за проценка од страна на овластено лице на Проект 42. По усогласувањето на ангажманот односно прифаќање на понудата клиентот остава податоци за адресата, денот и датумот за извршување на услугата.

ЗОШТО ДА НÈ ИЗБЕРЕТЕ НАС?

За чистење на разни специфични позиции потребна е специјална опрема, машини, средства-хемија, технологија, обученост како и мобилност, со што ние располагаме. Ја задоволуваме потребата на домаќинствата, компаниите и институциите да се посветат на својата основна дејност, со тоа што ги превземаме несуштинските дејности како што е одржување хигиена и ги извршуваме професионално и одговорно.

За дополнителни информации и појаснувања, Ве молиме, контактирајте нè на телефонскиве броеви: 031/550-830 и 075/759-359; на електронскиве пошти: contact@proekt42.mk или посетете нè во нашата канцеларија на ул. „Тане Георгиевски“ бр. 6/1-37.

Хемиско чистење