Револуционизирање на пазарот на услуги преку постојано подобрување на услугите за нашите клиенти. Грижата за корисници да биде водечка сила и мотивација за секој наш нареден чекор. Нашата визија е да креираме силен и стабилен бизнис, а „Проект 42“ да прерасне во препознатлив бренд и да послужи како пример за понатамошно развивање на други фирми во секторот услуги. Мисијата на „Проект 42“ е преку врвна услуга и кревање на грижата за корисници на повисоко ниво да воспостави нови стандарди во работа со киентите. Промоција на идеите за здрава животна околина преку иницијативи за расчистување и уредување е наш придонес во креирање на свеста за одржлив развој.
Додека брзиот и динамичен ритам на модерното живеење сè повеќе го преокупира вниманието на секој од нас, грижата за домот се потиснува на работ на нашите приоритети. Разбирајќи ја заедничката потреба на нашите сограѓани за професионална грижа на своите домови, ние се посветивме на изградба на фирма која ќе овозможува достапни, квалитетни и навремени услуги од областа на домувањето. Водени од нашата бизнис идеја - севкупна грижа и ефикасно функционирање на Вашиот дом, преку своите сервиси и професионализам, имаме за цел да обезбедиме постојана исправност, безбедност и употребливост на сите сегменти од Вашето секојдневно домување. Управување станбени и деловни објекти, професионален сервис за чистење и дизајн на ентериер се столбовите на „Проект 42“ со кои планираме да обезбедиме одбрана понуда дури и за најпробирливите.
-
"Колку видови фондови постојат ? Согласно Законот за домување, за извршување на работите на одржувањето на станбената зграда се формираат Фонд за редовно одржување и Резервен фонд."- Од Законот за домување
-
"Какви објекти за домување постојат? Објектите за домување можат да бидат станбени, станбено-деловни и деловно-стан-бени "- Од Законот за домување