Додека брзиот и динамичен ритам на модерното живеење сè повеќе го преокупира вниманието на секој од нас, грижата за домот се потиснува на работ на нашите приоритети. Разбирајќи ја заедничката потреба на нашите сограѓани за професионална грижа на своите домови, ние се посветивме на изградба на фирма која ќе овозможува достапни, квалитетни и навремени услуги од областа на домувањето. Водени од нашата бизнис идеја – севкупна грижа и ефикасно функционирање на Вашиот дом, преку своите сервиси и професионализам, имаме за цел да обезбедиме постојана исправност, безбедност и употребливост на сите сегменти од Вашето секојдневно домување.
Управување и одржување на станбени објекти како и професионален сервис за чистење се столбовите на „Проект 42“ со кои планираме да обезбедиме одбрана понуда дури и за најпробирливите. Од скоро време имаме и нов сегмент кој се јавува од потребата за убав и функционален дом, а тоа е Дизајн на ентериер, за чии услуги нашите корисници имаат посебни попусти. „Проект 42“ е правен субјект со одобрена лиценца за управител број 03-14/3 од 21.01.2014 година, издадена од Регулаторната комисија за домување, чијашто примарна дејност е управување и одржување на објекти.
Административно управување. Управителот изготвува книговодствени месечни пресметки, редовно праќање на опомени, опомени пред тужба и утужување на нередовните уплатувачи на фондовите за одржување на зградата, припрема и дистрибуција на уплатници, административни трошоци, изготвување и давање извештаи по потреба;
Застапување. Правните совети од страна на Управителот кон сопствениците во врска со објектот се бесплатни;