EN Stanben upravitel
„Проект 42“ е правен субјект со одобрена лиценца за управител број 03-14/3 од 21.01.2014 година, издадена од Регулаторната комисија за домување, чијашто примарна дејност е управување и одржување на објекти. Тимот на „Проект 42“, преку своите услуги и професионализам, има за цел да обезбеди постојана исправност, безбедност и употребливост на сите сегменти на Вашето секојдневно домување. Во соработка со своите партнери, „Проект 42“ Ви ги нуди следниве услуги:
Управување и одржување на станбени згради
Заради извршување на работите на управување, одржување и уредување на станбените згради, за секоја зграда поединечно се отвораат две посебни жиро-сметки:
- тековна сметка (трошоци за тековно одржување);
- сметка за резервен фонд (трошоци за инвестициско одржување).
Тековно одржување на станбени згради
1. Одржување хигиена
Сопствениците на посебните делови одбираат еден од следниве наши пакети:
Пакет |
Опис на пакетот |
основен пакет |
Два пати неделно
|
препорачан пакет |
Препорачаниот пакет ги вклучува сите ставки од основниот пакет плус: Еднаш месечно
|
пакет по Ваш избор |
палета услуги по избор на сопствениците на посебните делови |
2. Осветлување
Цената за оваа услуга се пресметува така што износот на месечната фактура за осветлување на станбената зграда се распределува пропорционално согласно бројот на сопственици на посебни делови.
3. Одржување лифтови
Во рамките на вршење управувачки услуги за редовно одржување и сервисирање лифтови, управителот склучува договор со трето лице кое е лиценцирано за вршење на дејноста. Договорот со трето лице се склучува по прибирање понуди од определен број понудувачи. Изборот на најповолна понуда го вршат управителот и претставникот на сопствениците на посебните делови, кого за таа цел го именува собирот на сопственици. Трошоците за поправки од овој тип паѓаат на товар на тековниот фонд.
Во услугите на тековно одржување спаѓаат поправки на заедничките делови на станбената зграда од типот на:
- замена на сијалици;
- замена на прекинувачи;
- ситни молеро-фарбарски услуги;
- замена на резервни делови и сл.
Трошоците за овие услуги ги поднесуваат сопствениците на посебните делови во зависност од големината на износот на таа услуга.
4. Управувачки услуги
Опис |
Опис на пакетот |
Месечна претплата по стан |
|
Инвестициско одржување на станбени згради
Средствата за инвестициско одржување се распределуваат од резервниот фонд. Уплата во резервниот фонд се врши еднаш месечно во минимален износ од 50,00 ден. од стан. Согласно работниот план и желбите и потребите на сопствениците на посебните делови, месечните уплати во резервниот фонд може да бидат повисоки. Трошоците за инвестициско одржување ги одобрува претставникот на станбената зграда. Одржување и нужни поправки и подобрувања предвидени во планот за одржување:
- промена на поштенски сандачиња;
- молеро-фарбарски услуги;
- уредување на дворна површина;
- оштетени конструктивни елементи на зградата;
- кровна конструкција и кровна покривка, заедно со нивните пропратни елементи;
- олуци, олучни цевки и други елементи за одвод на водата од покривот и заштита на зградата од продирање на водата;
- димни канали, вентилациски канали, вентилациски цевки на канализациската мрежа и нивните глави на покривот на зградата;
- водоводна и канализациска инсталација;
- електрична инсталација во објектот до струјомерното ормарче;
- инсталација и опрема за централно греење;
- лифт со припадни делови (куќичка, лифтовско окно со инсталациите и уредите);
- дотраени огради на покривот, скалишниот простор, заедничките тераси и други заеднички делови на објектот;
- дотраени подови, плафони и ѕидови во заедничките делови на објектот;
- дотраени врати и прозорци на заедничките делови од објектот;
- фасада, фасадни облоги и елементи на фасадата;
- оштетени конструктивни елементи на зградата;
- реализирање на други предлози на самите станари кои ќе бидат наведени во планот за одржување во тековната година.
Дополнителни услуги
- Бесплатна правна помош од областа на станбеното управување.
- Бесплатно посредување при упис и промена во катастар на недвижности и вадење имотен лист.
- Бесплатно посредување и правна помош при издавање и/или продажба на стан/деловен простор.
- Бесплатни месечни финансиски извештаи за тековен и резервен фонд.
- Припрема и дистрибуција на уплатници.
- Дежурна екипа за итни интервенции.
- Интерна контрола и надзор над работата на нашите тимови.
- Во соработка со стручни лица, „Проект 42“ ќе изготвува и програми за најмладите членови на Вашето семејство. Целта ни е да ја кренеме еко-свеста на младите на повисоко ниво и активно да ги вклучиме во акциите за уредување и одржување на животната средина.
Промотивни активности
- Електронска достава на фактура во најкус можен рок.
- Еднократен попуст од 15% на цената за управувачки услуги за станбената зграда со најредовни плаќања.
- Поволности за лица со посебни потреби.
- Широка и добро организирана мрежа партнери: гипсери, молери, водоинсталатери, плочкари, електричари, производители на мебел итн. Селекција, избор и презентација на најдобрите понуди на собирот на сопственици или пред индивидуалните сопственици, согласно нивните потреби.
- Селекција, избор и презентација на најдобрите понуди за изнајмување на слободните заеднички и посебни површини на станбените згради (фасади, лифтови…) за потребите за рекламирање и промоција на трети лица. Средствата добиени од изнајмување на просторот ќе бидат пренасочени на сметката на резервниот фонд и можат да послужат за понатамошно инвестициско одржување.
ЗОШТО ДА НÈ ИЗБЕРЕТЕ НАС ?
- Посветени на осовременување на пристапот кон станбеното управување на територијата на општина Куманово, Ви нудиме внимателно одбрана палета висококвалитетни услуги по ниски и достапни цени.
- Стручниот и мотивираниот кадар и употребата на проверени и потврдени методи на работа се гаранција за квалитетот и професионалноста кои ги поседуваме.
- Услугите на останатите наши сервиси Ви ги нудиме по намалени цени, а дежурните екипи и широката мрежа соработници на „Проект 42“ Ви стојат на располагање во секое време.
- Со потпишување на Договорот за управувачки услуги, Ви следуваат пробен период во кој ќе можете да ја тестирате нашата работа и право на раскинување на договорот без повикување на законски утврдениот отказен рок од 3 месеци.
За дополнителни информации и појаснувања, Ве молиме, контактирајте нè на телефонскиве броеви: 031/550-830 и 075/759-359; на електронскиве пошти: contact@proekt42.mk или посетете нè во нашата канцеларија на ул. „Тане Георгиевски“ бр. 6/1-37.
Воедно за активностите на „Проект 42“ може да се информирате и на нашата Facebook страница: Проект 42 како и на нашата Веб-страница: http://proekt42.mk/